Прескокни до содржината

Како функционира

Правила на пробниот колоквиум

  • Точно 35 прашања, секое со четири понудени одговори (A, B, C, D) и само еден точен.
  • +1 поен за точен одговор, 0 за неточен или неодговорен. Нема негативни поени.
  • 18–35 поени = ПОЛОЖЕНО, 0–17 поени = НЕПОЛОЖЕНО.
  • Прашањата и редоследот на одговорите се мешаат на серверот при секој нов тест.
  • Прво добиваш прашања што не си ги видел/а, потоа оние што најодамна си ги видел/а.
  • Одговорите се зачувуваат автоматски; можеш да менуваш до предавањето и да продолжиш по освежување.
  • Тајмерот е исклучен по претпоставка — официјалното времетраење не ни е познато.

Распределба по теми

Наш предлог за балансирана вежба — не официјална распределба.

  • L1 — Основи на развојна психологија5
  • L2 — Преднатален развој и раѓање7
  • L3 — Новороденче и доенче8
  • L4 — Развој на говорот6
  • L5 — Емоционален развој5
  • BR — Теорија на Бронфенбренер2
  • VY — Теорија на Виготски2

Приватност

  • Нема регистрација. Собираме само прекар — не внесувај вистинско име ако не сакаш.
  • Прелистувачот добива безбедно (httpOnly) колаче што те поврзува со твоите резултати. Ако го избришеш, ќе почнеш од ново.
  • Резултатите се приватни. Во табелата се појавуваш само ако самиот/самата се вклучиш.
  • Во Мои резултати можеш да ја избришеш историјата или сите свои податоци.

За прашањата

Прашањата се авторски формулирани за вежбање според Предавањата 1–5 и Word материјалот (само деловите за Бронфенбренер и Виготски; Ериксон не е опфатен). Не се официјални испитни прашања. Секое прашање во прегледот го наведува изворот (датотека и слајд), а слајдовите од предметот се меродавни.

Кратенки на тастатура

1–4 избира одговор A–D. ←/→ оди на претходно/следно прашање кога фокусот не е на понудените одговори (таму стрелките го менуваат изборот, како во секоја радио-група).